Богоев: Обврзниците од 92 милиони долари не биле на име на турскиот државјанин

Директорот на Царината, Стефан Богоев, даде детали за конфискацијата на обврзниците во вредност од 92 милиони долари од турскиот државјанин.

Богоев за ТВ21 изјави дека секоја меѓународна помош е добредојдена бидејќи сите обврзници се поврзани со странски банки.

„Има разлика помеѓу името и податоците на патникот и името на сопственикот на обврзницата, тие не биле на негово име и сите овие работи ни даваат дополнителна основа.

Инаку, да напоменам дека се е поврзано со странски банки, со странски држави, единствено е што тука се запленети и секоја меѓународна помош е добредојдена“, рече Богоев.