Хабиб Нурмагомедов би можела да „го стигне“ ДОЛГОГОДИШНА РОБИЈА!

Легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал кој, како што пренесуваат светските медиуми, може да го одведе во затвор.

Дагестанецот беше обвинет за затајување данок во Русија, поради што му беа замрзнати средствата на банкарските сметки.

Доколку се докаже дека обвиненијата се вистинити, Хабиба може да се соочи со затворска казна до три години!

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на чело во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започна истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби користел пари што наводно не ги уплатил во руската државна каса за да купи хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.