Синот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, неодамна откри дека тој и неговата избраничка Богдана очекуваат уште еден син. Вељко ја држи сопругата како капка вода на дланка, а сега тоа и го покажа.
Тој ја изненади Богдана со голем букет црвени рози, кои ја воодушевија, па таа веднаш се пофали на мрежите, па испрати трогателна порака.
– Те сакам, љубов моја – му напишала Богдана на сопругот на кого требало да му роди трето дете.
Да потсетиме, Ражнатовиќ ја сподели радосната вест на Инстаграм, а го објави резултатот од пренаталниот тест, во чиј опис рече:
– Слава на Бога! Ти благодарам, Господи, за сè што ми даде како грешник. Слава на отецот и синот и Светиот Дух!
На овие зборови не остана имунa Богдана, која во коментарот му порача „те сакам“.