Вака Вељко Ражнатовиќ се однесува со Богдана: Вакви џентлмени има малку (фото)

Синот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, неодамна откри дека тој и неговата избраничка Богдана  очекуваат уште еден син. Вељко ја држи сопругата како капка вода на дланка, а сега тоа и го покажа.

Тој ја изненади Богдана со голем букет црвени рози, кои ја воодушевија, па таа веднаш се пофали на мрежите, па испрати трогателна порака.

– Те сакам, љубов моја – му напишала Богдана на сопругот на кого требало да му роди трето дете.

Да потсетиме, Ражнатовиќ ја сподели радосната вест на Инстаграм, а го објави резултатот од пренаталниот тест, во чиј опис рече:

– Слава на Бога! Ти благодарам, Господи, за сè што ми даде како грешник. Слава на отецот и синот и Светиот Дух!  

На овие зборови не остана имунa Богдана, која во коментарот му порача „те сакам“.