Нема шанси да ја препознаете! Вака сега изгледа популарната Есмералда, таа целосно се промени (ФОТО)

Есмералда и Хозе Армандо ги освоија срцата на цела Македонија и регионот. Речиси и да нема личност која не ја следела оваа серија, па дури и оние кои не ја следеле, слушнале за неа.

Слепото девојче Есмералда, кое пораснало во шумска кабина со старица, која за време на породувањето ја сменила со синот, бидејќи сопственикот сакал машко дете, освои многу срца. Есмералда подоцна се заљубила во истото момче и така започнала една од најголемите љубовни приказни.

Луѓето беа толку маѓепсани од Есмералда, ја доживуваа како вистински лик, а многумина се молеа таа да прогледа, испраќајќи посебни молитви.

За време на снимањето на серијата, актерката, според нејзиното признание, се борела со зависноста од дрога. Во моментот кога нејзината пријателка починала во рацете поради предозирање, таа решила да се излечи и да се спротивстави на своите пороци.

– Бев млада, на врвот на кариерата, полна со пари и сè ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот – изјавила актерката во 2013 година.

Летиција постигна бројни улоги во серии, но ниту една не и’ донесе успех како Есмералда, која ќе се памети цел живот.

Со својот поранешен сопруг Хуан Коладо, актерката имаше два сина, Лусијано и Карлос. Нејзиниот син Лусијано е роден со Даунов синдром, а актерката му посветила книга наречена „Ангел во мојот живот“.