Познатиот актер Андрија Милошевиќ некогаш во младоста носел долга коса и имал брада, а денес изгледа сосема поинаку.
Имено, на Инстаграм на страница која се занимава со вести од поп светот се појави фотографија од Андрија Милошевиќ од неговите млади денови, а многумина коментираат дека бил непрепознатлив.
Андрија е многу активен на социјалните мрежи, каде често споделува забавни кадри со сопругата Александра Томиќ, која исто така е актерка, и нивниот син Реља.
Парот неодамна откри дека се венчале во тајност, само 25 дена пред да се роди Реља. Свадбата беше интимна, со само неколку пријатели и кумови.
– Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, 25 дена пред да се роди Реља. Сè беше многу тајно, со нас беа само кумовите и неколку пријатели – открила актерката во нејзино гостување во емисија.