Од моментот кога се појави на балканската музичка сцена, љубовниот живот на пејачката Наташа Беквалац е во фокусот на медиумскиот интерес.
Неодамна стави црна перика поради снимање на спот, а бидејќи русата коса е нејзин заштитен знак, сите се прашуваа дали ја променила бојата на косата поради љубовни проблеми?
– Имам слаба коса, па немаше проблем за да ставам перика – рече Наташа за српските медиуми.
Песната која често ја изведува на настапите е „Најди нова љубов“ од Саша Матиќ:
– Песната „Најди нова љубов“ е на мојот репертоар, а најмногу ја пеам на крајот од настапот кога публиката не сака да си замине, што е често. Таа песна ми е убава и често размислувам колку е емотивен човекот кој ја напишал. Сакам песни од машки уметници.
Неодамна нејзината мајка ја критикуваше за брусхалтерот што го носеше во спот, што го коментираше со следните зборови:
– Мајка ми никогаш нема да се помири со фактот дека засекогаш ќе бидам полугола. Мислам дека сите жени се убави и не гледам никаков проблем во тоа жената да сака да го покаже своето тело во границите на пристојноста.
На прашањето кој бил најубавиот комплимент што го добила во животот, Наташа одговори:
– Мислам дека ваков комплимент допрва следи. Секогаш го очекувам најдоброто.