,,Вечно ќе бидам полугола!” Наташа Беквалац проговори за својот провокативен стајлинг и најголемииот комплимент што некогаш го добила (фото)

Од моментот кога се појави на балканската музичка сцена, љубовниот живот на пејачката Наташа Беквалац е во фокусот на медиумскиот интерес.

Неодамна стави црна перика поради снимање на спот, а бидејќи русата коса е нејзин заштитен знак, сите се прашуваа дали ја променила бојата на косата поради љубовни проблеми?

– Имам слаба коса, па немаше проблем за да ставам перика – рече Наташа за српските медиуми.

Песната која често ја изведува на настапите е „Најди нова љубов“ од Саша Матиќ:

– Песната „Најди нова љубов“ е на мојот репертоар, а најмногу ја пеам на крајот од настапот кога публиката не сака да си замине, што е често. Таа песна ми е убава и често размислувам колку е емотивен човекот кој ја напишал. Сакам песни од машки уметници.

Неодамна нејзината мајка ја критикуваше за брусхалтерот што го носеше во спот, што го коментираше со следните зборови:

– Мајка ми никогаш нема да се помири со фактот дека засекогаш ќе бидам полугола. Мислам дека сите жени се убави и не гледам никаков проблем во тоа жената да сака да го покаже своето тело во границите на пристојноста.

На прашањето кој бил најубавиот комплимент што го добила во животот, Наташа одговори:

– Мислам дека ваков комплимент допрва следи. Секогаш го очекувам најдоброто.