Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на локалните спортски новинари.

Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна 16 гола и запиша седум асистенции.

Во ФА купот одигра четири натпревари на кои постигна два гола, додека во Лигата на шампионите запиша осум натпревари, пет гола и три асистенции.

Манчестер Сити го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Реал Мадрид, па борбата за европски првак за нив е завршена, но се уште има шанса да се бори за титулата во Премиер лигата. Арсенал моментално е прв на табелата во англискиот фудбалски шампионат со 80 бодови, додека Сити има бод, но и натпревар помалку, па крајот на сезоната ќе биде неизвесен.

Избраниците на Пеп Гвардиола на 25 мај ќе се борат за трофејот во ФА Купот против Манчестер Јунајтед во финалето.