НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМИ: Се огласи НАСЛЕДНИКОТ на Јирген Клоп! Ливерпул има нов тренер!

Холандскиот тренер Арне Слот потврди дека следната сезона ќе стане тренер на Ливерпул.

Сега веќе поранешниот тренер на Феенорд најави дека ќе го наследи Јирген Клоп .

– Можам да потврдам дека од следната сезона ќе бидам тренер на Ливерпул – изјави во петокот Слот.

– До сега не размислував за тоа, го чекав нашиот последен натпревар овде, но сега можам да кажам. „На почетокот на неделата, само размислувате за тренинзи и други работи “, вели Слот.

Арне Слот

Феенорд оваа сезона ја заврши на второто место во холандскиот шампионат зад ПСВ.

– Сега чувството е посилно, затоа и задоцнив на оваа конференција, бидејќи сакав лично да се поздравам со некои луѓе и да им посветам време, а не само да се ракувам. Разбирам дека резултатот е важен, но навистина е убаво кога чувствувате дека на луѓето им е жал што заминувам .

Слот последен пат ќе го предводи Феенорд в недела во Ротердам против Екселзиор.

Заминувањето на актуелниот тренер го потврди и Феенорд.

– Ерата на Арне Слот се ближи кон крајот, да уживаме во нејзините последни моменти – напишаа во петокот од клубот.