Во оваа земја паркинг простор се продава за половина милион евра!

Ако не сакате да купувате, можете да изнајмите за 750 евра месечно

Паркинг место  во близина на најголемиот парк во Амстердам, Вондел, се продава за речиси половина милион евра, што е рекордна цена за паркинг место во Холандија, објави холандски RTL.

Паркинг просторот е со површина од 18 метри квадратни и се продава за 495.000 евра, а се наоѓа во затворен комплекс во најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија, објави агенцијата за недвижности.

За потсетување, најскапиот гаражен простор во четвртиот квартал од минатата година е продаден за 63.000 евра во белградската општина Стари Град.

Агенцијата наведува дека паркинг просторот се наоѓа во близина на музејот на Ван Гог и може да се изнајмува за 750 евра месечно.

Една од најгусто населените земји во Европа, со 17,8 милиони луѓе, се соочува со сериозен недостиг на станбен простор од околу 390.000 домови, според неодамнешното истражување објавено од France24 .

Просечната цена на стан во Холандија, за споредба, лани била 430.000 евра.