Џала и Буба направија песни за ѕвездата од Гранд, па ја излажаа! Хитовите ѝ го дадоа на Маја Беровиќ: Пејачката раскажа сè

Маја Беровиќ го издаде албумот „Viktorija tajna“ во 2017 година, а креатори на албумот беа босанските рапери Џала и Буба.

По шест години протекоа информации дека тие песни првично биле наменети за поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“, Наида Бешлагиќ.

Наида ја започна својата кариера во споменатиот музички натпревар во 2015 година и доби две песни од Гранд. После тоа, пејачката стапила во контакт со босанските рапери и ги замолила да го направат нејзиниот деби албум. Тогаш почнаа да работат заедно и на почетокот на 2017 година, Бешлагиќ објави дует со Бубa Корели како увертира за планираниот албум што требаше да излезе на лето. Меѓутоа, во меѓувреме пејачката и раперите ги заостриле односите и нејзините песни завршија кај Маја Беровиќ и станаа огромни хитови.

– Точно е дека имав некаков план и договор со ,,Империја” во однос на кариерата и моите песни, но на крајот тоа не се случи бидејќи имавме различни мислења и не ме почитуваа за некои други работи – изјави Наида.

Да потсетиме, албумот кој дојде во рацете на Маја е и проектот кој на нејзината кариера и музички правец им даде нова димензијљ и драстично и ја промени кариерата.

Хитовите што се издвојуваат се „Харем“, „Руски рулет“, „Број“, „Не сум нормална“, „Балмаин“, „Пролет“.