Скандал на карневалот во Србија! Танчерката изведе еротски танц пред децата во секси долна облека: Организаторите: „Размислувавме да го прекинеме настапот, но… (видео 16+)

Во Лесковац се одржа 17. меѓународен карневал на кој се појавија бројни културно-уметнички друштва од земјата и странство, но најголемиот дел од претставите и програмата паднаа во втор план поради една самостојна изведба.

Треба да се нагласи дека на меѓународниот карневал имаше многу деца, кои останаа изненадени кога на градскиот плоштад се појави девојка облечена само во црвена долна облека и изведе еротски танц.

Лесковац беше домаќин на околу 30 групи од Србија и странство. На сцената во центарот на градот своите точки ги покажаа уметници од соседните земји – Бугарија, Македонија, Црна Гора – како и од далечната Индонезија.

По инцидентот на карневалот, од Лесковачката туристичка организација соопштија дека никогаш повеќе нема да ја ангажираат споменатата група.

„Акробатската група УСБ од Ниш петти пат по ред учествуваше на Фестивалот на огнот на Лесковачкиот карневал. Четирите досегашни изведби предизвикаа ентузијазам кај публиката и ги ангажиравме по петти пат“, пишува Нова.рс.

За првпат дел од нивниот настап беше и контроверзен танцов перформанс. Како долгогодишни соработници, мислејќи дека нивниот настап, како и изминатите години, ќе биде на високо професионално ниво, на наше големо изненадување беше изведена танцова точка каде и ние како организатори бевме изненадени од она што го видовме. Размислувавме да го откажеме контроверзниот настап, но сметавме дека таквиот прекин ќе предизвика уште поголем скандал. Им се извинуваме на граѓаните на Лесковац“, велат оттаму.