Ова е човекот кој скокна од зградата во Тузла: Се сомневаат дека со секира ги убил сопругата и своите деца (фото)

Мујага Чичкошиќ пред два дена се фрлил од 14 кат од зграда во Тузла откако наводно ги убил сопругата Амела и нивните две малолетни деца, а како што пишуваат медиумите целото злосторство било испланирано неколку дена однапред.

Работел како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена. Бил вработен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, како и неговата сопруга, но заминал да работи во Германија.

Во станот насекаде имало крв, а целиот стан бил буквално уништен и расфрлен. Како што покажа истрагата, сопругата се обидела да ги спаси децата, но не успеала.

Според неофицијални информации на „Аваз“, обвинителите и истражителите се сомневаат дека мотивот за грозоморното убиство би можела да биде љубомора . Засега оваа информација не е официјално потврдена.Мујага и Амела Чичкошиќ

Она што ги шокираше истражителите е тоа што Чичкошиќ по страшното злосторство оставил белешка на вратата од станот. Ги напишал имињата на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор. Наводно, меѓу имињата се и имињата на одредени роднини кои му помогнале да се вработи во Германија.Мујага и Амела Чичкошиќ

Еден ден по откривањето на телото на Амела и децата, колегите и пријателите се збогуваат со жената која ја опишаа како „убава, со црни, големи очи“. Колегите од Клиничкиот центар во Тузла имаат само пофални зборови и благодарност за сè што направила, особено во тешките моменти на короната.