(ВИДЕО) Глетката на малото девојче кое го загуби целото семејство во земјотресот го крши срцето

Земјотресите што вчера ги погодија Турција и Сирија оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја. Огромната спасувачка операција се уште трае. Повеќе од 5.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени.

Девојчето било извлечено од урнатините во Сирија во понеделникот, а според локалните медиуми останало без семејство, нејзините родители загинале во земјотресот.

Девојчето сега е во засолниште и нејзината судбина е неизвесна. Спасувачите сè уште работат на расчистување на урнатините и спасување на луѓето, но временските услови уште повеќе ги отежнуваат нивните огромни напори.