Голем пожар избувна синоќа во магацините на голем синџир на он-лајн трговија во Санкт Петербург, Русија, а во моментов пожарот зафаќа површина од 50.000 метри квадратни.
„Површината на пожарот во магацинот е 50.000 метри квадратни“, се наведува во соопштението на главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.
Магацините се наоѓаат во областа Пушкин, а овој комплекс има димензии од 350х320 метри и висина од 20 метри.
Засега нема информации за жртви. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 112 пожарникари и 25 возила на Министерството за вонредни ситуации на Русија.