ВИДЕО | ГОРИ РОДНИОТ ГРАД НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Министерството за вонредни состојби на терен во Санкт Петербург

Голем пожар избувна синоќа во магацините на голем синџир на он-лајн трговија во Санкт Петербург, Русија, а во моментов пожарот зафаќа површина од 50.000 метри квадратни.

Површината на пожарот во магацинот е 50.000 метри квадратни“, се наведува во соопштението на главната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Магацините се наоѓаат во областа Пушкин, а овој комплекс има димензии од 350х320 метри и висина од 20 метри.

Засега нема информации за жртви. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 112 пожарникари и 25 возила на Министерството за вонредни ситуации на Русија.