Ситуацијата на северот на Косово се уште не се смирува. Репортерот на Blic.rs снимил колона воени камиони кои превезуваат оклопни возила кон Рашка, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Помирна денес е ситуацијата во Бањска каде претходниот ден конфликт во кој загинаа тројца Срби и еден косовски полицаец. Влезот во тоа село кај Лепосавиќ се уште е блокиран бидејќи се води истрага, а на терен се и екипи на крим-техника.
Затворени се и административните премини Јариње и Брњак.
Премиерот на Косово, Албин Курти, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека тамошната полиција запленила стотина парчиња оружје и муниција, вклучувајќи и тешка воена опрема како митралези, гранати и друго.