ВИДЕО | ЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА БЕЛГРАД !? Ситуацијата се уште не се смирува: Воени камиони превезуваат оклопни возила на југот на Србија

Ситуацијата на северот на Косово се уште не се смирува. Репортерот на Blic.rs снимил колона воени камиони кои превезуваат оклопни возила кон Рашка, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Помирна денес е ситуацијата во Бањска каде претходниот ден конфликт во кој загинаа тројца Срби и еден косовски полицаец. Влезот во тоа село кај Лепосавиќ се уште е блокиран бидејќи се води истрага, а на терен се и екипи на крим-техника.

Затворени се и административните премини Јариње и Брњак.

Премиерот на КосовоАлбин Курти, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека тамошната полиција запленила стотина парчиња оружје и муниција, вклучувајќи и тешка воена опрема како митралези, гранати и друго.