Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изведе потег кој може да го направи само еднаш или двапати во неговиот живот, а дефинитивно овој потег е кандидат за најдобар кога е во прашање оваа сезона!
Во 1. коло на Австралија Опен, Стефанос Циципас играше против Белгиецот Зизу Бергс и на стартот од вториот сет ги остави сите во неверување.
Гркот водеше со 1:0 и имаше шанса за брејк, по што следеше одлична реакција на Белгиецот на мрежата и се чинеше дека ќе израмни, но Стефанос Циципас некако истрча и ја „покри“ топката која веќе беше на страната на Зизу Бегрс.
„Тој потег беше исклучителен. Не знам како воопшто успеав. Претпоставувам дека не сакав да се откажам и така се случи. Тоа веројатно го сврте натпреварот во моја корист“, изјави Стефанос Циципас кој на крајот победи со 3:1.