ВИДЕО | КАКВА МАГИЈА НА ГРКОТ – Стефанос Циципас го изведе потегот на годината, кој ретко се гледа во тенисот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изведе потег кој може да го направи само еднаш или двапати во неговиот живот, а дефинитивно овој потег е кандидат за најдобар кога е во прашање оваа сезона!

Во 1. коло на Австралија Опен, Стефанос Циципас играше против Белгиецот Зизу Бергс и на стартот од вториот сет ги остави сите во неверување.

Гркот водеше со 1:0 и имаше шанса за брејк, по што следеше одлична реакција на Белгиецот на мрежата и се чинеше дека ќе израмни, но Стефанос Циципас некако истрча и ја „покри“ топката која веќе беше на страната на Зизу Бегрс.

Тој потег беше исклучителен. Не знам како воопшто успеав. Претпоставувам дека не сакав да се откажам и така се случи. Тоа веројатно го сврте натпреварот во моја корист“, изјави Стефанос Циципас кој на крајот победи со 3:1.