Ричард Гир дал милиони за да биде комшија со Лука Модриќ: Легендарниот актер се сели во луксузна населба со познати личности (фото)

Легендарниот холивудски актер Ричард Гир купи нов имот во луксузната населба Ла Моралеха. Овој уметник искеширал 11 милиони евра за имот кој се наоѓа во истата населба со вилата на Лука Модриќ.

Првите соседи се познати лица

Ричард Гир

Луксузната населба изобилува со вили, но и со познати станари, па во истата област, пред имотот на Лука Модриќ, се наоѓаат домовите на фудбалерот Серхио Рамос и актерката Ана Обрегон.

Луксузната вила има повеќе од 10.000 квадратни метри земјиште, трикатна зграда со повеќе од илјада квадратни метри, базен и приватна винарска визба, пишува Marca.

Поради сопругата се заљубил во Шпанија

Како што претходно објавија медиумите, овој актер решил да се пресели во Шпанија поради сопругата Алехандра Силва со која е во брак од 2018 година.

– ,,Поради неа решив да се преселам во Шпанија. Таа ми даде шест прекрасни години. Сега е мојот ред да и’ дадам најмалку шест во нејзината земја“, изјави Гир за Vanity Fair.

Продаде куќа во Њујорк

Ричард Гир, Алехандра Силва

Гир пред две години продаде луксузна вила на периферијата на Њујорк за нешто повеќе од 24 милиони долари, која ја купи во далечната 1986 година и се чини дека го нашол својот мир во новата населба.