Лионел Меси игра фудбал како од шала во дресот на Интер Мајами во САД.
Интер Мајами го победи Шарлот со резултат 4:0 и се пласираше во полуфиналето на Лига купот. Точка на овој натпреварот стави Лионел Меси во 86. минута по асистенција на Кампана.
Ова е осми гол на Лионел Меси во пет натпревари за Интер Мајами. Интересно – досега го погоди голот на секој од натпреварите на кој играше.
Со Меси, Бускетс и Алба, Интер Мајами стана „најлошиот“ клуб во МЛС, главен фаворит за освојување на Лига купот, прв трофеј во кратката историја на клубот.
Ривал на Интер Мајами во полуфиналето ќе биде Филаделфија.