ВИДЕО | ЛИОНЕЛ МЕСИ ИГРА ФУДБАЛ КАКО ОД ШАЛА ВО АМЕРИКА – Головите се редат како на лента! Погледнете ја најновата мајсторија на Аргентинецот

Лионел Меси игра фудбал како од шала во дресот на Интер Мајами во САД.

Интер Мајами го победи Шарлот со резултат 4:0 и се пласираше во полуфиналето на Лига купот. Точка на овој натпреварот стави Лионел Меси во 86. минута по асистенција на Кампана.

Ова е осми гол на Лионел Меси во пет натпревари за Интер Мајами. Интересно – досега го погоди голот на секој од натпреварите на кој играше.

Со Меси, Бускетс и Алба, Интер Мајами стана „најлошиот“ клуб во МЛС, главен фаворит за освојување на Лига купот, прв трофеј во кратката историја на клубот.

Ривал на Интер Мајами во полуфиналето ќе биде Филаделфија.