НИШТО ОД МИРОТ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА !? Хамас и Исламски Џихад го отфрлија предлогот на Египет за договор за ставање крај на војната

Хамас и неговата сојузничка милитантна група Исламски Џихад го отфрлија египетскиот предлог за предавање на власта во Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, потврдија денес за медиумската агенција Reuters два неименувани египетски безбедносни извори.

Двете групи, со кои египетските посредници одржаа одделни разговори во Каиро, одбија какви било отстапки освен можното ослободување на повеќе заложници заробени на 7. октомври за време на упадот на Хамас во јужен Израел.

Египет понуди предлог за прекин на огнот во замена за ослободување на неколку заложници и прифаќање на поширок договор кој вклучува траен прекин на огнот со промена на раководството во Појасот Газа, кое моментално го сочинуваат претставници на Хамас.

Египет предложи да се распишат избори во Појасот Газа, а на Хамас му беа понудени гаранции дека членовите на таа организација нема да бидат кривично гонети или казнети, но оваа исламистичка организација ги отфрли сите отстапки освен евентуалното ослободување на заложниците, потврдија изворите на Reuters.

Повеќе од 100 заложници се уште се во рацете на Хамас во Појасот Газа.