Новак Ѓоковиќ го победи храбриот Карлос Алкараз и се пласираше во големото финале на Ролан Гарос! Тешката повреда на Шпанецот го прекина ‘спектакалот’, а Србинот водеше ‘војна’ и со публиката

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако го совлада Карлос Алкараз!

Новак Ѓоковиќ победи по игра во четири сета со резултат 6:3, 5:7, 6:1, 6:1, откако Карлос Алкараз заработи тешка повреда на натпреварот.

Спектаклот кој сите со нетрпение го очекуваа беше прекинат на шокантен начин. Младиот Шпанец не можеше да се движи на теренот откако наеднаш почувствува болка.

На средина од натпреварот Карлос Алкараз застана и ги загрижи сите присутни, но и оние кои уживаа во натпреварот на малите екрани.

Судијата веднаш се симна од столчето и заедно со Новак Ѓоковиќ дојдоа до младиот тенисер, кој веднаш побара пауза за да дојде на доктор, иако тоа значеше губење на следниот гем.

Тој се обиде да го продолжи натпреварот, но беше јасно дека не може да го стори тоа. Едвај се движеше на теренот и Новак Ѓоковиќ лесно го доби третиот сет, по што Карлос Алкараз го искористи правото да оди во соблекувалната меѓу двата сета.

Во четвртиот сет Новак Ѓоковиќ имаше поголема борба против публиката која неколкупати го исвирка. Србинот одговори со кренати тупаници и гласни извици.

Кога се во прашање првите два сета, видовме феноменален тенис од двете тенисери и навистина е штета што спектаклот заврши вака.