ВИДЕО | РУСИТЕ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ !? Додека бил во посета на Херсон се случил вистински ‘хорор’ и настанала општа гужва – ова се деталите!

Русите се обиделе да го убијат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Херсон, тврди белорускиот веб-портал Nexta.

Како што објавија странските медиуми, Володимир Зеленски на 8. јуни пристигнал во областа Херсон за да ги посети поплавените подрачја по уривањето на браната „Нова Каховка“. На првото видео што беше објавено, Володимир Зеленски може да се види како разговара со локалните жители кои се подготвуваат за евакуација. После тоа тој заминува во посета на Миколаив, град кој исто така беше погоден од поплавите.

Но, веднаш по заминувањето на Володимир Зеленски и неговата делегација, улицата каде што тој стоел со жителите станала цел на силно руско гранатирање, што сугерира на фактот дека Русите знаеле дека Володимир Зеленски е таму и се обиделе да го убијат.