Вашингтон ја објави ‘шемата’ на Москва и Техеран! Белата куќа тврди: “Русија примила стотици ирански дронови за напади врз Украина“

Белата куќа денеска соопшти дека Русија изгледа ја продлабочува својата воена соработка со Иран и оти примила стотици дронови камикази од Техеран за да ги користи во нападите против Украина.

Повикувајќи се на неодамна декласифицирани информации, Белата куќа соопшти дека дроновите биле произведени во Иран и испорачани преку Каспиското Море, а потоа Русија ги користела против Украина.

Русија користеше ирански дронови во последните недели за да го нападне Киев и да го тероризира украинското население, а руско-иранската воена соработка се чини дека се продлабочува“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Исто така сме загрижени што Русија работи со Иран за производство на ирански дронови во самата Русија“, додаде тој.