Лидерот на босанските Срби и претседател на Република Српска, Милорад Додик, е активен на социјалните мрежи Инстаграм и Х (Твитер), каде секојдневно објавува содржини.
Контраверзниот и санкциониран политичар сега отвори и профил на социјалната мрежа Тик Ток.
„Добредојдовте на мојот профил на Тик Ток. Видов дека оваа социјална мрежа доминира и дека е мрежата на иднината. Со нетрпение очекувам да бидеме пријатели во иднина. Да живее Република Српска“, посочи Милорад Додик.