ВИДЕО | Милорад Додик е нова ѕвезда на социјалната мрежа Тик Ток: Контраверзниот политичар направи свој профил, а неговото корисничко име е вистински хит

Лидерот на босанските Срби и претседател на Република Српска, Милорад Додик, е активен на социјалните мрежи Инстаграм и Х (Твитер), каде секојдневно објавува содржини.

Контраверзниот и санкциониран политичар сега отвори и профил на социјалната мрежа Тик Ток.

Добредојдовте на мојот профил на Тик Ток. Видов дека оваа социјална мрежа доминира и дека е мрежата на иднината. Со нетрпение очекувам да бидеме пријатели во иднина. Да живее Република Српска“, посочи Милорад Додик.