Момент на напад на израелските воздухопловни сили на палестинска кула во Појасот Газа е снимен при вклучување во живо на новинарка на телевизијата Ал Џезира.
Додека Џумна ел Сајед зборуваше, зад неа одекна силна експлозија, која може да се види и на видеото, по што 14-катницата почна да се урива.
Таа во моментот на експлозијата се сокрила од кадарот.
Бројни згради во Појасот Газа беа срамнети со земја, вклучувајќи ја и кулата „Ватан“, а меѓу урнатите згради има и џамија.
За потсетување, по вчерашниот напад на Хамас и убивањето и киднапирањето на израелски војници и цивили, Армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“ .
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.