ВИДЕО | МОЌНА ЕКСПЛОЗИЈА СНИМЕНА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРОГРАМА ВО ЖИВО – Детонација, врескање, а потоа новинарката наеднаш исчезна од кадар

Момент на напад на израелските воздухопловни сили на палестинска кула во Појасот Газа е снимен при вклучување во живо на новинарка на телевизијата Ал Џезира.

Додека Џумна ел Сајед зборуваше, зад неа одекна силна експлозија, која може да се види и на видеото, по што 14-катницата почна да се урива.

Таа во моментот на експлозијата се сокрила од кадарот.

Бројни згради во Појасот Газа беа срамнети со земја, вклучувајќи ја и кулата „Ватан“, а меѓу урнатите згради има и џамија.

За потсетување, по вчерашниот напад на Хамас и убивањето и киднапирањето на израелски војници и цивили, Армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“ .

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.