Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека поразот на Украина од Русија на крајот може да ги принуди САД да избере помеѓу „распад на НАТО“ и „директна војна“.
Влијателната вашингтонска политичка веб-страница Hill објави дека Володимир Зеленски тоа го кажал во интервју за NBC News.
„Ако Украина загуби, ако Русија ја окупира Украина, Русија ќе продолжи кон балтичките земји, Полска и така натаму. И тие ќе започнат војна со една од членките на НАТО и во тој момент САД ќе треба да изберат меѓу распуштање на НАТО и војување“, рекол Володимир Зеленски.
Hill потсетува дека сите три балтички држави Естонија, Летонија и Литванија се членки на НАТО, исто како и Полска. Се потсетува дека во согласност со принципот на колективна одбрана на НАТО, напад врз која било членка на пактот се смета за напад врз сите нив.