ВИДЕО | “НАТО ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ!“ – Володимир Зеленски упати тешки зборови до САД: “Ако Русија победи, вие влегувате во директна војна!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека поразот на Украина од Русија на крајот може да ги принуди САД да избере помеѓу „распад на НАТО“ и „директна војна“.

Влијателната вашингтонска политичка веб-страница Hill објави дека Володимир Зеленски тоа го кажал во интервју за NBC News.

Ако Украина загуби, ако Русија ја окупира Украина, Русија ќе продолжи кон балтичките земји, Полска и така натаму. И тие ќе започнат војна со една од членките на НАТО и во тој момент САД ќе треба да изберат меѓу распуштање на НАТО и војување“, рекол Володимир Зеленски.

Hill потсетува дека сите три балтички држави Естонија, Летонија и Литванија се членки на НАТО, исто како и Полска. Се потсетува дека во согласност со принципот на колективна одбрана на НАТО, напад врз која било членка на пактот се смета за напад врз сите нив.