ОПАСЕН АЛБАНСКИ КРИМИНАЛЕЦ ОТКРИЕН ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Живеел во имот од 500.000 евра, се однесувал дрско, а никој не знае како влегол во земјава !?

Познат албански криминалец успеал мистериозно да влезе во Велика Британија од која претходно бил депортиран.

Асим Муртати (46 г.), роден во Албанија, бил депортиран од Велика Британија во 2009 година, откако било откриено дека користел лажно име за да добие британски пасош додека бил во бегство.

Асим Муртати бил вклучен во вооружен грабеж на минибус во Албанија пред да побегне во Велика Британија. Таму им дал лажни информации на граничарите и тврдел дека е бегалец од Косово. Успеал да добие британско државјанство и во текот на животот добил три ќерки под лажно име и покрај тоа што бил осуден во отсуство во својата татковина.

Асим Муртати конечно бил фатен и депортиран од властите во 2009 година за да отслужи 11-годишна затворска казна. Сепак, тој бил ослободен по само шест години и се вратил во Велика Британија со очигледно едноставно обновување на стариот британски пасош.

Весникот Daily Mail утврди дека Асим Муртати патувал во минатото користејќи лажен документ кој не бил откажан кога бил депортиран. Министерството за внатрешни работи на Велика Британија сега му го укинало пасошот, но Асим Муртати покренал правно оспорување против одлуката.

Асим Муртати исто така го регистрирал бизнисот под своето лажно име и станал толку дрзок што неодамна го префрлил на неговото вистинско име. Медиумите пренесуваат дека тој моментално живее на имот во Нортхемптон вреден речиси половина милион евра со своите две ќерки.

Не е јасно дали Асим Муртати легално се вратил во Велика Британија по отслужувањето на казната во Албанија.

Исклучително сум загрижен за ова. Очекувам МВР итно да го разгледа случајот“, изјавила локалната пратеничка Андреа Лидсом за тамошните медиуми.

Во ноември 1997 година, Асим Муртати и уште четворица Албанци запреле минибус на сред пат, а еден од разбојниците пукал со автомат за да го запре возачот пред да влезат и да ги ограбат патниците.

По него била распишана потерница, но тој избегал и е осуден во отсуство.

По пристигнувањето во Велика Британија, Асим Муртати тврдел дека е Албанец од Косово и Метохија, кој бега од војната за да добие азил, а потоа и неопределен престој.

Ова е уште еден јасен показател дека системот е расипан. За жал, има малку докази дека владата на Риши Сунак е на висина на задачата“, изјавил претседателот на организацијата за следење на миграцијата Алп Мехмет.

Министерството за внатрешни работи на Велика Британија засега не се огласува по овој случај.