ВИДЕО | НЕОБИЧНА СЦЕНА ОД ФРАНЦИЈА – Метеорит паднал врз автомобил и го уништил !?

Полицијата во Франција е збунета од необичен случај од Стразбур, каде е пријавена голема штета на паркиран автомобил, Reno, а постои сомневање дека е уништен од метеорит.

Пожарникарите биле повикани во понеделник наутро и пронашле возило со дупка на покривот (широка 50 сантиметри), скршен прозорец и оштетена кабина. За среќа во возилото немало никој.

Нешто се проби низ покривот, влезе во возилото и резервоарот за гориво“, изјавил капетанот Матје Колобер, пренесуваат француските медиуми.

Официјалните лица шпекулираат дека автомобилот бил на патеката на метеоритот, иако во возилото не било пронајдено ништо сомнително, пишува Daily Mail.

Или објектот е толку мал, или ударот бил толку силен што се распаднал и се претворил во прав“, додал Матје Колобер.

Фотографиите и видеата од уништениот автомобил можете да ги погледнете ОВДЕ.

Меѓутоа, недалеку од автомобилот е пронајден камен долг околу два сантиметри.

Изгледа како изгорено дрво и е многу лесен. Останува прашањето дали дошол од вселената“, изјавил портпаролот на полицијата.

Кога метеоритите се приближуваат до Земјата, атмосферскиот притисок ја намалува нивната брзина на околу 320 до 640 km/h, потсетува The Mirror.

Нуклеарниот физичар и експерт за метеорити, д-р. Тим Грегори, не е убеден дека објектот има ѕвездено потекло.

Останувам сомнителен. Таква дупка може да направи прилично голем предмет. Хемиските анализи ќе откријат дали пронајдениот камен е метеорит“, рекол научникот.

автомобилВселенаСтразбурФранција