Италијански воен авион се урнал за време на вежби во Торино, паднал врз автомобил и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми.
Италијанската новинска агенција АГИ јави дека деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се во животна опасност.
Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болница.
Италијанските медиуми јавуваат дека воен авион се урнал при полетување на аеродромот во Торино.