(ВИДЕО ОД НЕСРЕЌАТА) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Воен авион паднал врз автомобил, девојка (5) загина!

Италијански воен авион се урнал за време на вежби во Торино, паднал врз автомобил и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанската новинска агенција АГИ јави дека деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се во животна опасност.

Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болница.

Италијанските медиуми јавуваат дека воен авион се урнал при полетување на аеродромот во Торино.