По невремето што го зафати целиот регион, Хрватска се бори со високите водостои и поплавите.
Најкритична е состојбата покрај реката Сава која поради високиот водостој се излеа од коритата и направи огромни штети.
Оштетувања претрпе и теренот на загрепскиот фудбалски клуб Блато, кој се наоѓа покрај каналот Сава-Одра.
Клувот на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од безбедносните камери на кое може да се види како реката Сава го поплавува целото поле за само три минути и глетката е навистина застрашувачка.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.
За жал, ова не е прв пат овој клуб да настрада поради поплави. Нешто слично се случи и во 2010 година кога на тоа место беа лоцирани просториите на клубот и беа поплавени. Теренот се наоѓа покрај каналот Сава-Одра.