ВИДЕО | СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ХРВАТСКА – Реката Сава поплави фудбалски терен на клуб од Загреб за само три минути, погледнете!

По невремето што го зафати целиот регион, Хрватска се бори со високите водостои и поплавите.

Најкритична е состојбата покрај реката Сава која поради високиот водостој се излеа од коритата и направи огромни штети.

Оштетувања претрпе и теренот на загрепскиот фудбалски клуб Блато, кој се наоѓа покрај каналот Сава-Одра.

Клувот на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од безбедносните камери на кое може да се види како реката Сава го поплавува целото поле за само три минути и глетката е навистина застрашувачка.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

За жал, ова не е прв пат овој клуб да настрада поради поплави. Нешто слично се случи и во 2010 година кога на тоа место беа лоцирани просториите на клубот и беа поплавени. Теренот се наоѓа покрај каналот Сава-Одра.