ВИДЕО | СТРАШНО – Полицијата од Лондон објави вознемирувачки снимки од глутница агресивни кучиња кои дивееле по улиците: “Сопственикот беше соборен, а животните застрелани!“

Шокантна видео-снимка го прикажува моментот кога полицијата од Лондон застрелала и убила две кучиња и го соборила нивниот сопственик на земја со електрошокови, пренесува Daily Mail.

Полициските службеници биле повикани на местото на настанот бидејќи добиле дојава дека на блискиот пат една жена била нападната и повредена од агресивно куче.

Видеата објавени на социјалните мрежи од ужаснати сведоци покажуваат група полицајци кои следат маж со две кучиња кои лаат и беснеат покрај каналот во Лајмхаус, регион во источен Лондон. Полицајците се пресметале со човекот кој ги држел своите кучиња и се обидувал да ги смири.

Ситуацијата брзо ескалирала со пукање во едно од црните кучиња, додека разбеснетиот сопственик бил погоден со електрошок и со струен удар по што бил соборен на земја. Второто куче потоа било убиено додека ужасните сведоци го следеле настанот од балконите на околните згради.

Лондонската полиција ги оправда своите постапки со образложение дека – „полицајците имале обврска да дејствуваат онаму каде што е потребно, пред да бидат предизвикани дополнителни повреди“.

Полицијата соопштила дека била принудена брзо да дејствува бидејќи – „агресивното однесување на двете кучиња предизвикало голема загриженост“.

Никој не бил пренесен во болница како резултат на нападот, но еден маж е уапсен.

Ова никогаш не е лесна одлука за ниту еден службеник, но полицијата има должност да реагира онаму каде што е потребно пред да дојде до дополнителна штета“, соопштила лондонската полиција.

Велика БританијаинциденткучеЛондонполиција