Маестралниот Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата доминација и речиси никако не сака да застане.
Навистина е импресивно што прави овој човек!
Српскиот тенисер успеа да го победи Данил Медведев во финалето на УС Опен и со тоа ја освои 24. Грен Слем титула во кариерата.
На Новак Ѓоковиќ му беа потребни 3 часа и 16 минути за да стигне до оваа победа, а 36-годишниот ас уште еднаш покажа зошто е најдобар во историјата на овој спорт.
По последниот поен, ќерката на Новак Ѓоковиќ притрча во неговите раце, по што Србинот се распадна емотивно, а таа сцена погледнете ја во приложеното видео: