ВИДЕО | СЦЕНА КОЈА ЌЕ ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА СИТЕ – Новак Ѓоковиќ по победата веданш се упати кон неговата ќерка: Србинот не издржа и пушти солзи – еве како го прослави историскиот триумф!

Маестралниот Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата доминација и речиси никако не сака да застане.

Навистина е импресивно што прави овој човек!

Српскиот тенисер успеа да го победи Данил Медведев во финалето на УС Опен и со тоа ја освои 24. Грен Слем титула во кариерата.

На Новак Ѓоковиќ му беа потребни 3 часа и 16 минути за да стигне до оваа победа, а 36-годишниот ас уште еднаш покажа зошто е најдобар во историјата на овој спорт.

По последниот поен, ќерката на Новак Ѓоковиќ притрча во неговите раце, по што Србинот се распадна емотивно, а таа сцена погледнете ја во приложеното видео: