ВИДЕО | НОВАК ЃОКОВИЌ Е НЕПОБЕДЛИВ – Србинот ги покори САД и ја освои 24. Грен Слем титула во кариерата: Со 3:0 му се одмазди на Русинот среде Њујорк и испиша историја!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен Слем титула во кариерата.

Во спектакуларното финале на УС Опен, Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Данил Медведев со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 (7:5), 6:3.

Натпреварот кој се играше на стадионот „Артур Еш“ под затворен покрив, траеше три часа и 16 минути.

Новак Ѓоковиќ во прегратка на неговата ќерка Тара по победата

Ова беше реприза на финалето од 2021 година, кога Данил Медведев го запре Новак Ѓоковиќ на последното скалило за освојување на Златниот Слем, односно сите четири Грен Слем турнири во сезоната. Новак Ѓоковиќ тогаш претходно ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но застана во Њујорк односно на УС Опен.

За Новак Ѓоковиќ ова беше десетто финале на УС Опен и четврта титула во Њујорк. Тој, исто така, стана најстариот победник на Грен Слем во опен ерата.

Со 24 Грен Слем титули се одвои од Рафаел Надал кој има две титули помалку, а воедно се израмни со Маргарет Корт која со 24 титули беше неприкосновена во генералната серија.

Новак Ѓоковиќ веќе направи брејк во вториот гем и тоа со нула. Српскиот ас не му дозволи на Русинот да направи брејк во првиот сет, па по 48 минути игра речиси се знаеше кој ќе биде победникот.

Сè што се случи во првиот сет само навестуваше поголема драма што следува. Во вториот сет немаше брејк, па во тај-брејк Србинот велезе по два часа и 20 минути игра од почетокот на натпреварот. По 104 минути игра вториот сет беше решен во корист на Новак ЃоковиќНовак Ѓоковиќ го доби тај-брејкот со 7:5, по пресврт, бидејќи Данил Медведев прв имаше предност во мини-брејк.

Се гледаше на стартот од третиот сет дека Данил Медведев беше доста нервозен. Новак Ѓоковиќ го искористи тоа и направи брејк во третиот сет за водство од 3:1. Сепак, моментот на опуштање можепе да го чини многу Новак Ѓоковиќ. Русинот намали на 3:2 по точно три часа игра. Но, не беше така на крајот. Новак Ѓоковиќ повторно направи брејк во следниот гем и поведе со 4:2.

Новак Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде број 1. на АТП-листата и ќе влезе во 390-та недела на врвот на листата, што го прави апсолутен рекордер.

Од овој Грен Слем три милиони долари заработи Новак Ѓоковиќ.