Се бакнуваа на црвениот тепих како да им е последно: Не обрнуваа внимание на присутните, а нејзиниот комбинезон предизвика воздишки кај присутните (ФОТО)

Филмскиот фестивал во Венеција беше свечено затворен синоќа, а и покрај отсуството на големи холивудски имиња поради штрајкот на тамошните актери, имавме можност да уживаме во врвен гламур, интересни креации, па дури и во некои незгодни моменти.

А еден од најстрасните моменти на фестивалот дефинитивно го приредија манекенката и инфлуенсерка Оријана Марколи и нејзиното момче Даниеле дал Моро, инаку позната италијанска ријалити ѕвезда.

Оријана, која е родена во Венецуела, донесе малку од жешкиот, сензуален дух на Латинска Америка на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција, шетајќи во смело, жешко и многупати видено издание.

Оваа 31-годишна девојка се одлучи за тесен „гол“ комбинезон, покриен со илјадници блескави циркони. Ги оцртуваше сите нејзини облини а Оријана го комплетираше со сребрени сандали со ремчиња и црна и сребрена клач чанта.

Даниел, пак, избра класичен, елегантен костум во црна боја, надополнувајќи го со бела кошула и црна машна. Но нивното однесување привлече многу повеќе внимание од нивните изданија – парот не ги тргаше рацете еден од друг, страсно се бакнуваше и се допираше и направи вистинско шоу за фотографите и посетителите!

Овие млади, згодни, заљубени љубовници практично не престанаа да се бакнуваат, а на вас оставаме да процените дали навистина не можеле да ја контролираат својата страст или намерно сакале да бидат во центарот на вниманието.

Инаку, интересно е што парот наводно трајно раскинал пред само неколку недели, но очигледно раскинувањето не траело долго. Даниел и Онорија се познати и по бурните односи, односно честите раскинувања и помирувања.