На грчкиот остров Санторини снимена е неверојатна сцена!
Жителите на Картерадос не можеле да им веруваат на своите очи кога виделе силно торнадо како крева куќа. Во видео кое кружи на социјалните мрежи, можете да видите како торнадото урива еднокатна куќа за секунда.
Локалното лице кое ја снимило неверојатната сцена наведува дека куќата била празна и за среќа немало жртви.
Инаку, Грција со денови е под влијание на невремето „Елијас“. Само во средата врнеше онолку колку што земјата обично добива за неколку месеци.
Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, им нареди на службите за итни случаи и Армијата да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите најтешко погодени региони.