ВИДЕО | ТОРНАДО ОДНЕСЕ КУЌА ВО ГРЦИЈА – Невремето го опустоши познатиот остров, погледнете ја неверојатната снимка: Мештаните не можат да поверуваат што се случува

На грчкиот остров Санторини снимена е неверојатна сцена!

Жителите на Картерадос не можеле да им веруваат на своите очи кога виделе силно торнадо како крева куќа. Во видео кое кружи на социјалните мрежи, можете да видите како торнадото урива еднокатна куќа за секунда.

Локалното лице кое ја снимило неверојатната сцена наведува дека куќата била празна и за среќа немало жртви.

@kaloudis_theodoros

Δυνατός αέρας σήμερα 28 Σεπτεμβρίου 2023 σήκωσε στον αέρα λυόμενο σπίτι στον Καρτεραδο Σαντορινης ευτυχως χωρις θυματα.#foryou #fu #ekloges2023 #santorinigreece #fyp

♬ πρωτότυπος ήχος – Καλούδης Θεόδωρος

Инаку, Грција со денови е под влијание на невремето „Елијас“. Само во средата врнеше онолку колку што земјата обично добива за неколку месеци.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, им нареди на службите за итни случаи и Армијата да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите најтешко погодени региони.