На социјалните мрежи се шири снимка од жестока расправија меѓу две жени, а како што стои во насловот на видеото, снимено е во Неум.
Некој снимил две жени – Словенка и Босанка – како прилично гласно се расправаат на балконот.
Кавгата настанала поради вревата која, судејќи по коментарите, доаѓала од станот во кој била сместена Словенката, на што Босанката се побунила.
Иако не се знае точната причина за кавгата, во еден дел се слуша како Босанката вели: „Нема да дозволам да се сними порно овде, болна“, на што Словенката непрекинато повторува: „Плачев“, веројатно значи дека го платила сместувањето и дека има право да прави што сака.
Причините за кавгата објавени на социјалната мрежа Тик Ток ги шпекулираат и следбениците во коментарите.