ВИДЕО | Урнебесна снимка од Јадранот се шири на Интернет – Словенка и Босанка во жестока расправија преку балконот: “Нема да правам порничи овде!“

На социјалните мрежи се шири снимка од жестока расправија меѓу две жени, а како што стои во насловот на видеото, снимено е во Неум.

Некој снимил две жени – Словенка и Босанка – како прилично гласно се расправаат на балконот.

Кавгата настанала поради вревата која, судејќи по коментарите, доаѓала од станот во кој била сместена Словенката, на што Босанката се побунила.

@alicjennis

Slovenka protiv Bosanke 😂😂

♬ Originalton – Alic Đenis

Иако не се знае точната причина за кавгата, во еден дел се слуша како Босанката вели: „Нема да дозволам да се сними порно овде, болна“, на што Словенката непрекинато повторува: „Плачев“, веројатно значи дека го платила сместувањето и дека има право да прави што сака.

Причините за кавгата објавени на социјалната мрежа Тик Ток ги шпекулираат и следбениците во коментарите.