Како редовниот сексуален однос влијае на здравјето ?

Има многу предности кои ги носи сексот: согорува калории, го јакне имунолошкиот систем, ја поттикнува интимноста и секако ослободува допамин во мозокот.

Интимниот чин може да помогне во забавување на стареењето, според студија од 2017 година објавена во Psychoneuroendocrinology.

Утврдено било дека односот барем еднаш неделно е поврзан со подолги теломери – заштитна капа на ДНК која го одредува животниот век на клетките.

Истражувачите го следеле интимниот живот на 129 мајки во врски. Жените секојдневно известувале за задоволствата од својата врска, како и колку често биле интимни со своите партнери. Истражувачите исто така зеле примерок од крвта од жените и ги анализирале клетките на показатели на стареење.

Откриле дека жените кои имале односи со своите партнери минатата седмица, имале подолги теломери во споредба со оние кои немале интимни односи.

Ова истражување ја покажува поврзаноста, но не може да докаже дека интимната активност била причина за долгите теломери. Меѓутоа, се смета дела нивната должина е важна за човековото здравје.

Иако не постои волшебна формула за сексуалната среќа на паровите, студија од 2017 година објавена во Archives of Sexual Behavior, проучувала колку често луѓето говорат дека имаат односи.

Студијата покажала дека просечна возрасна личност има односи 54 пати годишно, околу еднаш неделно врз основа на податоците од 1989 до 2014 година.

Иако тој број се намалил од 90-тите, друга студија набљудувала над 30.000 Американци во текот на 40 години и повеќе. Истражувачите откриле дека паровите кои имале односи повеќе од еднаш неделно не биле ништо посреќни од оние кои имале односи само еднаш неделно.